×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Простор за култура

    Сашо Тодоровски

    Деновиве Куманово ја доби можноста да биде град на култура за 2019 година. Настан со кој градот би требало да ја покаже и својата поинаква страна, дека знае може и умее да органзиира културни случувања. Бидејќи учествував во изготвувањето на понудата со која аплициравме можам да кажам дека навистина имавме издржана програма и апликација со која ќе го подобриме културниот живот во градот. Програма која се обидовме да ја прилагодиме на секој во нашиот град.

    Многумина од нас постојано зборуваме дека нема културни настани во градот, дека културата е застапена со мал процент во целокупното наше живеење, меѓутоа треба да се запрашаме колку и ние и се посветуваме на културата.

    Во ова време кога сите сме преоптoварени со некои поинакви потреби кои, можеби, продуцираат поинакви вредности, за културата ни останува малку простор. Сепак кумановци и Куманово сакаат култура и културни настани.

    Титулата град на култура само треба да не поттикне уште повеќе да разговараме и да ги споделуваме идеите за културна наобразба и културни случувања во нашиот град. Малото недоразбирање кое никако не смееше да се случи со фестивалот Денови на комедија е надминато, обезбедени се финасиски средства и овој фестивал оваа 2019 ќе биде уште подобар и поуспешен од претходниот. Секако со дополнителни средства кои ќе ги овозможи и локалната самоуправа. Денови на комедија ќе останат бренд по кој Куманово ќе се препознава и со секоја идна година треба да се стремиме да станат се подобри. Комедијата како жанр кој е еден од најтешките во драматругиајта ќе се обидеме да ја подигнеме и истакнеме на уште повисок пиедестал преку нашиот фестивал.

    Освен тој настан мораме да вклучиме и поинакви алтернативни настани во кој ќе се препознаат младите, настани кои ќе ги задоволат нивните потреби и настани кои самите тие ќе ги креираат со помош од постојните институции кои секако мора да бидат поддршка.

    Оваа година очекуваме една културна револуција во нашиот град преку многубројни настани, фестивали, концерти изложби, претстави, а како еден интересен податок би го издовил специјално наменет за оваа пригода текстот напишан од луцидниот Венко Андоновски, кој на еден интересен начин преку остра драматуршка акција го прикажува нашиот сограѓанин како само тој знае и умее. Тој текст треба да се преточи во театарска претстава во Театар Куманово. Претстава која ќе остане, ќе живее и ќе се игра. Исто така интересен настан кој секако ќе предизвика внимание е и дводневниот музички хепенинг со две до три сцени на крајот на август на отворено на спортскиот аеродром Аџитепе, при што е замислено да се направи пандан на светските фестивали на отворено кои секако имаат своја таргетна публика. Нешто што оваа година ќе започне, а од идната би требало да се развие и развива во вистински музички фестивал на отворено кој ќе стане препознатлив на овие простори со нов и иновативен организационен и концептуален пристап.

    Освен настаните произлезени од програмата за град на култура Центарот за култура оваа година има одлична програма со која дополнително ќе го збогати културниот живот во градот, а секако секогаш во секое време сме отворени за нови предлози идеи кои ќе допринесат граѓаните да го креираат онаа што би сакале да го видат и доживеат.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*