×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец во руски документарец за шарпланинци

    17.02.2014 10:39 | KumanovoNews

    “Планета на кучиња“ е руски документарен филм во кој Владимир Крстевски, кумановски кинолог и одгледувач на шарпланинци, говори за карактеристиките на оваа раса кучиња која потекнува од Македонија и е верен чувар на македонските стада.

    Кумановец во руски документарец за шарпланинци

    Филмот е снимен во Кратово, Куманово и околината и со емитување на националната руска телевизија тој има потенцијални 100 милиони гледачи.  За Крстевски кој повеќе од две децении одгледува шарпланинци и 10 години е меѓународен кинолошки судија ова е голема чест за странски медиум да говори за македонскиот шарпланинец и неговата уникатност.

    За нас, за Македонија и за расата е од големо значење што ваква светска телевизија дојде кај нас, првенствено да ги прикаже шарските кучиња, и покрај тоа мене да ме претстави како експерт, познавач на расата. Тие по препораки ги бараат личностите со кои би снимале. Исконтактиравме на интернет, потоа на телефон и по 2 месеци дојде екипа од водител, снимател и режисер. Снимањето траеше два дена во почетокот на декември. За нас кинолозите од Македонија ова е уште еден доказ од каде потекнува расата, а се знае дека ја делиме со Србија што не би требало - изјави Крстевски.

    Во “Планета на кучиња“ се промовира шарпланинецот и Македонија како земја. Претставени се македонските носии, природни убавини, историските факти, се спомнуваат личности како Кирил и Методи, Мајка Тереза и Александар Македонски. Шарпланинците се енергични кучиња кои се чуваат најчесто во селата, симболизираат сила, верност и се претставени на монета од македонски денар, се наведува во филмот.

    Шарпланинецот е најзастапена раса кај нас. Има доста регистрирани во одгледувалишта, а уште повеќе има по селата каде се чувари на бачила, стока, стада, дворови. Ова е голема работа за мене иако сум меѓународен кинолошки судија, а со брат ми Кирчо кој е претседател на Кумановското друштво на кинофили “Тумбак“  25 години одгледуваме шарпланинци - вели Крстевски.

    Шарпланинецот е овчарска раса на кучe, именувана по планината Шара. Тежината во просек се движи од 34 до 55 кг, а висина во просек на мажјак од 65 до 72 цм. Тој се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови.