×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сo почит на славниот Дренак- 1943

    11.12.2014 14:19 | KumanovoNews

    Група од триесеттина армиски и полициски  ветерани од ЗАПВАРС-Куманово вчера (10 декември ) се поклонија  пред споменикот на славната победоносна партизанска битка на Дренак  на 10 декември 1943 година.

    Сo почит на славниот Дренак- 1943

    На тој ден прославениот Кумановски партизански баталјон ,,Јордан Николов-Орце“  под раководство на легендарниот командант и народен херој Христијан Тодоровски-Карпошт извојува една од своите најголеми победи  против фашистичкиот окупатор.  Битката на Дренак во историјата е запишана како сведоштво за хероизмот на кумановските партизани и командантските способности на Христијан Карпош и како светол пример на успешно герилско и партизанско војување. Кумановскиот Партизански баталјон составен од околу 120 борци во раните претпладневни часови  на 10 декември 1943 година во Дренак се судри со озогласениот Вардарски четнички корпус составен од 4 бригади (Жеглиговска, Ристовачка,Прешевска и Кривопаланечка) со над 600 добро вооружени припадници.  Во неколкучаосвната крвава борба храбрите Карпшовци наполно го поразија непријателот нанесувајќи му значајни загуби во жива сила. Во борбата за слобода на Македонија   во оваа битка загинаа седуммина борци на Кумановскиот партизански баталјон, меѓу кои и Тоде Мендол, Миле Кипра и Доско Молер.  Есента 1950 година народот на Куманово и на борбената Козјачија, во знак на благодарност и длабока почит, на местото на  битката во Дренак  подигна споменик на кој ката година на 10 декември се полага цвеќе и се евоцираат спомени поврзани со настанот.

    Кумановското здружение  на армиски и полициски ветерани (ЗАПВАРС) години наназат е главен организатор на традиционалниот  Марш на Дренак што, за жал, повеќе  не е тоа што некогаш беше. Од година во година, од тешко објасниви причини, бледнее чувството за должна почит и сеќавање на значајните датуми и настани од НОВ. ЗАПВАРС е единствената организација која не се откажува од одбележувањето на Битката на Дренак. Така беше и на 10 декември 2014 година. Во овој краток репортерски запис патем треба да се запише уште ова:  групата ветерани на чело со другарите офицери Гене СТАНОЈКОВСКИ и Љупчо СПАСОВСКИ со три теренски возила, по нерамен пат под снег, се пробија до Дренак. Таму, пред споменикот на битката го развеаја знамето на ЗАПВАРС, одржаа мал историски час, положија букет свежо цвеќе и посадија седум симболични дрвца за седумте загинати Карпошовци. Потоа си приредија мала другарска седенка во затоплена училница  од селската училишна зграда во која веќе полни 22 години нема детски џагор. Со гостите од Куманово, во име на петте преостанати жители на Дренак, другаруваше и тричлена делегација од селото на чело со стариот Гуто. Во Дренак има уште три „живи“ куќи со вкупно 5 (пет) жители! – рече некој од тричлената селска делегација. Што се однесува до логистиката, ЗАПВАРС  им заблагодарува на градоначалникот на СТ.Нагоричане Мане Стојковски, на АРМ и на Планинарскиот сојуз на Куманово.

    (С.Б.)