×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хотелите во Куманово во втората половина на XX век

    16.11.2017 09:08 | KumanovoNews

    Одломка од публикацијата „Кумановска кафана во 20 век“ до Димитар Масевски

    Хотелите во Куманово во втората половина на XX век

    Во педесетите години  на минатото столетие  од областа на сместувачките капацитети Куманово се наоѓаше во многу слична сосотојба во која се наоѓа  градот денес. Пред седумдесетина години  Куманово располагаше  со стариот хотел „Куманово“ на Васа Поповиќ и павиљонот на Трајко Лопарски  на  Вруќа Вода, кои беа национализирани од нивните сопственици во 1948 година

    Затоа градските татковци, согледувајќи ја реалната состојба во градот со сместувачки капацитет,  се одлучија да изградат нов модерен хотел кој ќе ги задоволи нараснатите потреби.  За таа цел во јуни  1959 година  се формира Инвестициона група на НО на општина Куманово за изградба на хотел во Куманово. За потписник на договорот за инвестиционен заем за изградба на хотел во Куманово, се определува Киро Доцевски, тогашен  секретар на Угостителската комора во Куманово. Така всушност започнаа да се тркалат нештата околу хотел „Кристал“... Одлучено е хотелот да се изгради спроти Занаетчискиот дом и зградата на Уредот. Изградбата на хотелот започна во 1960 година  за време на директорот   Борис Крстевски  -Дремче, а заврши целосно на 6 октомври 1962 година во времето на  Душко Христовски- Ерменац кој во „Бисерка“ дојде во пролетта 1962 година и остана  се до 1975 година. Проектот за овој објект го изработи  кумановецот  анж.арх.  Живко Гелевски ,  а градежните работи ги изведе ГП „Козјак“ од Куманово.

     Така на местото на дел од старата чаршија, кај  стариот  Безистен , стариот Кумановски театар, познатите трговски дуќани на Кира Маневиќ и други помали дуќани од  чаршијата , на работ на некогашниот „Цветен плоштад““  никна првиот модерен угостителски објект во градот на кој кумановчаните навистина беа горди. Во центарот на градот се изгради хотел „Кристал“  од „Ц“ категорија ,  со 100 постели и преку 1000 седишта во рестораните   и  преубавата летна бавча.

    Објавена вест  за Хотел “Кристал“ од 1.10. 1962 година

    Хотел “Кристал” беше пуштен во работа на 11 октомври 1961 година по повод дваесетгодишнината од вооруженото  востание на македонскиот народ. Но, набргу потоа, поради многу незавршени работи, а пред се затопллувањето  на објектот, беше затворен,  со цел нештата во овој репрезатативен хотел да бидат како  што треба. Обезбедувајќи ги потребните средства, од повисоките “надлежни” инстанци,   Општината успеа хотелот целосно да го заврши, а како што се наведува во објавената вест во весникот “Наш весник” од 1 октомври 1962 година, за 6  октомври 1962 година , кога беше закажано  негово повторно отворање и  давање во употреба на граѓаните на Куманово..

    Хотел „Кристал“       

    Инвеститорот, односно   НО на општина Куманово,  со Решение  бр. 15391/1 од  6 септември 1961 година одлучи ,  ново  изградениот хотел да биде даден на управување и стопанисување на  Угостителското претпријатие “Бисерка”, кое што во 1959 година ги  интегрира речиси сите самостојни  угостителски дуќани,  односно кафеани и ресторани во градот.

    Во една  анализа  при предавањето на „Кристал„ на колективот на УП„Бисерка  беше запишано дека сметките во 1961 година велеа дека за овој хотел се потрошени кредити во износ од  околу 100.000.000 динари, а за целосно завршување , ориентационо се потребни плус   32.600.000 денари, што од друга страна налагаше   враќање на долгот од страна на УП „Бисерка“ во идните 10 години , со годишен ануитет од околу 15-16. милиони денари. Но дефинитивната  сума за целосна  изградба на овој  угостителски објект во Куманово сигурно ќе биде поголема.

     Се планираше  во хотелот , меѓу другото да се случува и богат културно забавен програм,  постојано да има „жива“ музика , да се организираат игранки за младите. доведуваат реномирани ансамбли и групи. Посебна грижа требаше да се посвети на  кујната која требаше да ги задоволи  барањата на гостите, посебно на оние кои доаѓаат од страна.

    Од тој октомври 1962 година  хотелот  “Кристал” перманенто работи се до  пред некоја година, кога “заглави “  во матната приватизација и пред се во еден судски спор кој  одигра значајна ролја во неговото пропагање и би рекле целосно руинирање.

     

    Весели  гости  на  првиот пречек на Новата 1963 година во хотел  „Кристал“.

    Инаку  хотелот „Кристал“, посебно во шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години на минатото стоелтие  постојано работи со полн капацитет, станува омилена дестинација на гости  од сите околни градови, со постојана музика и реномирани пеачи и секако неповторливите  игранка во саботите и неделите. Секоја вечер освен во понеделниците  во ресторанот на овој реномиран угостителски објект  свиреа познати оркестри,  а меѓу нив долго врееме и кумановски, да го крстиме ,  Градски  забавен  бенд во чијн состав поминаа повеќе музичари : Дори, Буцо, Мане , Јанко, Чорба, Мице, Борче  со популарниот кумановски  интерпретатор на забавна музика  Мишо Тодоровиќ. 

    Во хоител „Кристал „ живата свирка“ беше неминовност   Кумановскиот Градски бенд со популарниот Мишо Тодоровиќ   

    Во тие не така далечни  години Куманово беше мошне пристојно место за живеење, имаше развиен спортски и културен живот , му се градеше индустријата која набргу ќе го препороди градот и луѓето доаѓаа од сите страни. Илјадниците  вработени во кумановската индустрија и останатите институции беа солидна клиентела за кумановското угоститеслтво. Како што напоменавме кумановскиот гарнизон  некаде во 1950 година станува седиште на 16  пешадиска дивизија и  спаѓаше меѓу поголемите во Македонија,  исто така  беше потенцијал на кој сметаа угостителските  работници од градот.

    Познати фудбалери, спортски тренери, политичари, книжевници беа постојано гости на Куманово и се разбира и на најреномираниот угостителски преставник на градот-хотелот “Кристал”.

    Тренерна ФК „Куманово“ Страше Ивановски со сопругара Радица и југословенскиот репрезенатативец Б.Милутиновиќ

    Во тие судемдесети и осумдесети години на минатиот век сплотениот град мошне полагаше на тие кафански излегувања, посета на градските ресторани, а посебно беа пребукирани салите на овој хотел  за време на видендите и празниците кога  гостите  се веселеа и танцуваа.

    Свадбите во овој хотел почнаа да се организираат дури по 1971/72 година.

    Мошне интересен и драг гост на овој кумановски угостителски објект беше и  бардот на македонската книжевност,  Блаже Конески кој многу често доаѓаше кај своите пријатели во Куманово и тука некаде ја обликува  познатата песна за градот- “Куманово”.

    КУМАНОВО
    Мислев дека ќе одам постојано во Куманово                       
    Барем зиме -  на кумановски суџук,
    Барем во марта -  во времето на цревца,
    Барем на ѓупскиот празник Ѓурѓовден.
    Мислев дека нема да ни го попречат
    Сосем
    патот,
    поради јасната цел,
    магли што лазат во позна есен од   
    Карадаг,
    колони од коли во сезоната,
    ниту што да е друго - лишка, човек, фуртуна.
    Така си мислев јас и во тоа се состоеше
    една утеха во мојот живот
    и еден изглед за иднината.
    Така си мислев и не се разбирам ни
    самиот  себеси
    сега - без желба да одам во тој град,
    заправо само со притаена желба за Куманово
    Не знам за што да жалам повеќе , другари,
    дали што попушти мојата волја
    или што попушти вашата волја.  

    Пред  изградбата  на хотелот „Кристал“,  во градот, во непосредна близина на Кумановска Бања, над стариот ресторан на Трајко Лопарски, се гради модерен, за тоа време,  Хотел -депаданс,  со 66  легла, со едно и двокреветски соби.

    Изградба на депадансот се совпадна со  изградбата на автопатот Братство-единство, односно делницата Грделица -Скопје,  која беше завршена во 1961 година и во присуство на маршалот Јосип Броз Тито, во ноември истата година, беше дадена во употреба. Инаку Главниот  штаб на оваа сојузна ајкција, на чело со командантот  Томислав Бадовинац,  беше сместен во Депадансот.

    Хотел  Депаданс  во Кумановска Бања

    Во  почетокот на седмата  деценија на минатото стоелетие, во договор со  општината Куманово,  од започнатиот објект за предвојничка обука и стрелиште  во реонот на Кумановска бања,  никне хотелот „КУ БА„, од Б категорија , со капацитет   од 104 легла и два апартмани, мошне атрактивен за седумдесетите и осумдесетите , не само во Куманово.

     Хотелот  го проектираа архитектите на ГП „Козјак“ од Куманово, , односно  ја трансформираа старата зграда за предвојничка обука во хотелски дел, додека останатите ресторанстки делови , олимпискиот базен и другите помошни обејкти  беа накнадно доградени. Хотелот беше свечено даден во употреба  на 8 декември 1974 година  во присуство на ново избраниот  претседател на општина Куманово,  Методи Петровски. Располагаше со два ресторана, современа кујна, салон за одмор и рекреација на гостите со телевизор, една мала банкет сала и пространа тераса од 1000 седишата... Со прекрасна околина и со Олимписки базен кој се изгради во непосредна близина на хотелот и со план да се изградат модерни тениски игралишта ,  овој објект под познататата Проевска Карпа,  стана  омилено место за посетители од сите страни на Македонија.

    Истиот месец во хотелот „КУБА“ беше организиран првиот пречек на новата 1975 годиана со посетители и гости , како од Куманово, така и од околните градови

    Севкупната работа околу изградбата на хотелот КУБА ја водеше тогашниот директор на УП „Бисерка“ Душко Христовски-Ерменац, кој во фирмата доаѓа некаде на почетокот на 1962 година.

    Во оваа наша сторија за кумановското угостителство ќе го  споеменеме и нашиот сограѓанин др.Александар Димиќ -Паланчански  кој беше кумот, и  го  даде името на хотелот  - „КУ-БА“,  кратенка  о д   Кумановска Бања.

    Хотел  КУБА на 8  декември  1974 година

    Свечено предавањево употреба на хотеот КУБА на 8 декември  во 1974  година.

    Со извонредни објекти- два хотели и споменатиот Депаданс,   рестораните , „Палас“, Мостар“, „Ловец“ новокупениот ресторан „Експрес“ (купен во почетокот на шеесетите) Рибен ресторан со “Пчела”, кои постојано се адаптираат  и секогаш беа  во дух на новото време, со повеќето  кафеани ( „Скопје“,„Еснаф“, „Инвалидски ан“ „Европа“ и др. ) Угостителското претпријатие „Бисерка“станува водечка фигура на оваа дејност, во овој регион на Македонија, во седумдесетите  и осумдесетите  години на минатиот век.

    Хотел  КУБА со Олимпискиот базен при отворањето 1974 г.

    Веќе споменавме дека  голема е ролјата во овој подем на претпријатието,  на  директорот Душко Христовски Ерменац кој успешно ги преброди активностите околу профилирање на  фирмата реален и постепен развој, а пропо вистинските  можности и пред се изградба та на хотелот  КУБА.

    Инаку кон крајот на  20 век   хотелско сместување  нудеше и објектот на Ловечкиот дом  на Врука Вода со кој стопансисуваше ФЗЦ “11 Октомври” како   и хотелот “Лав” на познатиот кумановски угостител  Светислав Стојановски- Цеце Лав.