×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Благојче Јаќимовиќ: Србија и Португалија сакам да ги видам во финале

    25.06.2018 17:08 | KumanovoNews

    Советникот од НСДП во Советот на Општина Куманово Благојче Јаќимовиќ за свои фаворити за титулата на првенството ги смета Португалија, Франција, Бразил и Шпанија, затоа што овие репрезентации во континуитет играат добар фудбал, но посакува финале помеѓу Србија и Португалија, иако мисли дека тоа не многу реално

    Благојче Јаќимовиќ: Србија и Португалија сакам да ги видам во финале

     Го следите ли Светското првенство во фудбал во Русија?

    Да, го следам секој ден и со голема еуфорија. Во работните денови кога сум со обврски ги пропуштам натпреварите од 14 часот, но тоа е уште оваа недела, а потоа натпреварите ќе се играат од 16 и 20 часот. Знаете Светското првенство во фудбалот е најголема фудбалска смотра, која се чека цели четири години, па поради тоа не смее никако да се пропушти, туку се следи со големо задоволство и уживање.

      За кого навивате?

    Јас навивам за Србија, но не затоа што по националност сум Србин, туку затоа што сметам дека оваа генерација на фудбалери кои настапуваат за Србија имаат шанса на оваа Светско првенство да направат добар резултат. Ние како држава порано бевме заедно со Србија во една заедничка држава, која имаше богато фудбалско реноме.

     На кого типувате дека ќе ја освои титулата, кој е ваш фаворит?

     Гледајте, сите триесет и две репрезентации кои учестуваат на првенството се целосно добри и имаат добри селекции, но мојот фаворит на оваа првенство за титулата светски првак е Португал, Франција, Бразил и Шпанија. Ова го велам од причина што овие репрезентации во континуитет играат добар фудбал и се освојувачи на светски првенства, а Португалија е последниот освојувач на Европското првенство во фудбал.

     Како сте задоволни од она што досега го покажаа?

    Па до сега се одигра првото коло од сите групи и ги видов сите репрезентации како играат. Од некои кои важеаа за фаворити не сум задоволен, но да почекаме сепак тоа е прво коло и сите имаат своја тактика и затоа има и помалку голови. Најголем дел од фаворитите направија и киксови, одиграа нерешено. Нормално  задоволен сум од играта на мојата Србија.

     Кого сакате да видите во светското финале?

    Па знаете желбите се една работа, а реалноста е друга. Би сакал тоа да биде финале помеѓу Србија и Португалија, но ако оди се како треба тие можеби ќе се сретнат во четвртфинале или полуфиналето, а реално мислам дека финале ќе биде Португалија и Франција или  Бразил  и Шпанија. Оваа го велам од причина што тешко може денеска да се каже кој ќе заигра во финалето, сите играат фудбал.

    Се нервирате ли кога губи тимот за кој навивате?

    Фудбалот е најпосакуваниот спорт на земјината топка и секогаш е со адреналин или со нервоза, тоа е нормално. Но како човек со спортски дух не ги гледам натпреварите само преку статистика и резултат, туку го доживувам на поинаков начин, но моите фаворити досега немаат изгубено натпревар, па така немам нервоза.

    Со кого најчесто гледате фудбал?

    Најчесто гледам со моите дома, односно со синовите, па и сопругата сака-несака гледа со нас. Но, некои натпревари ги гледаме со другарите во навивачка атмосфера во некое од локалите во градот, каде што по завршување на натпреварот следуваат анализи и коментари. Тогаш можат да се слушнат различни видувања за стилот на играта, тактиката и слично.