×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово сеуште е во борба за Супер-лигата

    27.03.2019 09:28 | KumanovoNews

    Со победата во Кавадарци против екипата на Фени Индустри, кошаркарите на Куманово остануваат во борба за место меѓу најдобите шест екипи кое води во Супер-лигата.

    Куманово сеуште е во борба за Супер-лигата

    Услов за тоа е победа во следните два натпревара кои ги играат против Блокотехна на домашен терен и во последното коло против Шкупи, но и зависат од МЗТ Скопје кој во последното коло треба да победи против Фени и директно да реши кој ќе биде патникот во Супер-лига.

    Кумановчани против Фени освен во почетните минути, имаа водство во текот на целиот натпрвар а во вториот период дури и максимални 15 поени предност кои носеа подобар меѓусебен дуел и посигурно место во вториот дел од првенството.

    Сепак конечен резултат на мечот беше 82-88, а најзаслужни за победата беа Адем Мекиќ со 20 поени, Бане Ѓекиќ постигна 17 поени и Мирко Ковач придодаде 15 поени.

    Натпреварот на сезоната Куманово го игра во петок против Блокотехна, каде што ќе мора да обезбеди триумф и со нетрпение да го чека последното коло каде што ќе дознае во кое натпреварување ќе продолжи да се натпреварува оваа сезона. Тој натпревар ќе се игра во 17:30 часот.