×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денот на полето одбележан во Новосељане

    22.05.2019 14:45 | KumanovoNews

    „Ден на полето 2019“ - традиционална земјоделска манифестација за промоција и користење на сертифициран семенски матерјал, денеска се одржа во кумановското село Новосељане.

    Денот на полето одбележан во Новосељане

    Организатор на манифестацијата се комапните „Клечовце“ и “Агростарт„ од Куманово, кои произведуваат и дистрибуираат сертифициран семенски матерјал.

      Пред голем број гости од земјава и соседството, научни работница, индивидуални земјоделски производители и фармери, беа презентирани добрите практики во земјоделското производство на житни култури при користење на домашен сертифициран семенски материјал, а пред присутните се обрати и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

     Целта на оваа традиционалан манифестација беше промоција на земјоделското производство со користење на сертифициран семенски матерјал. Производството на пченица и јачмен, има голем придонес во земјоделското и во мелничко пекарскиот сектор, затоа како матично и ресорно министерство континуирано работиме на создавање на се поповолни услови за зголемување на површините и производството на квалитетна домашна пченица.  Во таа насока во следните две недели ќе биде распишан оглас за околу 10.000 хектари слободна земјоделска површина. Воведувањето на нови современи агротехнички мерки во производството и сертифициран семенски матерјал се клучни за поголемо производство на пченица, со висок квалитет. Само на тој начин може да се обезбеди поголем принос, унифициран квалитет и крајно да се постигне поголема откупна цена на пченицата и јачменот, - изјави министерот Николовски.

    Со цел да се поттикне употребата на домашен сертифицираниот семенски матерјал во производството на житни култури, Министерството за земјоделство ја субвенционира нивната употреба.

    Новица Младенов од Институтот од Нови Сад истакна дека на земјоделските површини во Новосељане можат да се видат добри посеви, кои се резултат на долгорочна и кавлитетна работа на домаќините, кои се постигнати во консултација со научните работници од земјава и странство.

    За искуствата во работата и напредокот на земјоделското производство, зборуваше  Бубе Трајковски, сопственик на Комбинатот „Клечовце“ и земјоделската задруга „Агростарт“.

     „Новото трговско друштво „Клечовце“, кое е наследник на некогашниот комбинат, во континуитет работи и вложува напори за да го врати стариот и добро познат имиџ  на пазарот. Со макотрпна работа, целосна посветеност, следење на светските трендови и употреба на науката, сигурни сме дека сме на вистинскиот пат. Со одбир на соодветните сорти, примена на современа агротехника, употреба на современи препарати од реномирани и докажани европски производители и современи механизација, го правиме вистинскиот избор. Целокупниот семенски материјал потекнува од докажаниот производител Институт за земјоделство од Нови Сад, кој има над 80 години традиција. Нашиот успех го препознаа и индивидуалните земјоделски производители, коишто покрај минeралните ѓубрива, на наше големо задоволство, започнаа да го употребуваат  и нашиот сертифициран семенски материјал,  и ги зголемија приносите  во Кумановскиот, Светиниколскиот , Велешкиот и Штипскиот регион, - изјави Трајковски.

    Манифестацијата „Ден на полето“ се организира по шести пат во последните 11 години.