×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Директорка вработила воспитувачка без соодветно образование

    20.02.2018 14:43 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С. (45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.

    Директорка вработила воспитувачка без соодветно образование

    Во периодот од 17.09.2015 до ноември 2017 година пријавената, како директор на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во с. Драгоманце, општина Старо Нагоричане, овозможила вработување на К.Ј. како воспитувач во ученичкиот дом во состав на училиштето, и покрај тоа што знаела дека истата не ги исполнува условите за извршување на работните задачи.

    Исто така, во периодот од 17.12.2015 до 31.08.2016 година, пријавената, спротивно на законските прописи, ја ангажирала К.Ј. на работно место воспитувач без договор за вработување.