×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дуќанџиите се жалат дека ќе останат без пристап до дуќаните, Општината не отстапува од проектот

    22.03.2019 11:36 | KumanovoNews

     Сопствениците на перални, продавници и работилници на булеварот „Октомвриска револуција“, се жалат дека со постувањето на столпчињата на тротоарот ќе се соочат со проблеми при дотурот на стока и ќе им се намали прометот, бидејќи ќе останат без пристап до објектите и простор за паркирање пред нив.

    Дуќанџиите се жалат дека ќе останат без пристап до дуќаните, Општината не отстапува од проектот

    Тие бараат надлежните во овој дел на булеварот да ги постават столпчињата само на едната лента каде што се движат пешаците, а втората да остане за паркирање на автомобилите.

    - Немаме ништо против да ги поставуваат столпчињата од Туш до Кеј или нагоре над Мај маркет, ама не и тука. Ако веќе ги поставуваат пред дуќаните нека остават поголем простор за да може да влегуваме со комби или камион. Најдобро е првата лента до улицата да остане како и досега, а останатиот нека се загради за пешаците. Вака направија поголем проблем, сега при истовар на роба ќе се користи улицата и повеќе ќе се закочи сообраќајот, - се жалат сопствениците на дуќаните.

    Од Општина Куманово велат дека нема отстапување од проектот за поставување на столбчиња по целата должина од двете страни на булеварот од раскрсницата на „Трета МУБ“ до улицата „Доне Божинов“, бидејќи „Октомвриска револуција“ е магистрална улица од која не е дозволен директен пристап до дуќаните и стамбените објекти.

    „Паркирањето на тротоар нема да биде дозволено, освен таму каде што има магацини и каде што може возилото да влезе во магацинот, а не да биде паркирано на тротоар. По закон и по Деталениот урбанистички план, „Октомвриска револуција“ е магистрална улица и не дозволен од неа пристап до деловни објекти и до стамбена површина. Тие мора од споредна уличка да влегуваат и да вршат дотур на стока. Ние сме народ кој што има навики со автомобилот да влезе до самиот објект каде што треба да заврши работа, многу ни е тешко да одиме пешки 10-15 метри, но во овој момент нема да се усвојат барањата на никого“, - изјави Бојан Петковски, од одделението за комунални работи и сообраќај во Општина Куманово.  

     Тој додава дека доколку не се почитуваат сообраќајните правила, тогаш тоа е работа на полицијата.

     Локалната самоуправа се одлучи за поставување на столпчиња за разделување на пешачкиот и велосипедскиот од моторниот сообраќај на „Октомвриска револуција“, бидејќи несовесните возачи ја узурпираат секоја слободна површина и немаше простор за движење на граѓаните. Најголемиот хаос беше токму на просторот каде што се деловните субјекти. 

    ( Фото: Денеска напладне Aуди беше оставено на улицата, додека возачот пазареше во блискиот маркет)