×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еко акција во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    19.02.2019 17:22 | KumanovoNews

    Во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце, денеска се одржа работна еко акција за расчистување на училишниот двор, поставување на ограда околу училиштето и капии пред ученичкиот дом и спортското игралиште.

    Еко акција во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    Акцијата беше реализирана со група жители од селото, вработените од училиштето, учениците и нивните родители во соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација(ЦСИД) од Скопје. Во акцијата учествуваа и градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, заедно со советниците и вработените од општината.

     Имавме одличен одзив и денешната акција ги даде очекуваните резултати. Ние и во наредниот период ќе продолжиме со овие акции, се со цел да ја зачувуваме животната средина и хигиената во училишниот двор, - изјави директорката Анета Станковиќ Јанковска.

    Акцијата „Активни граѓани за добро владеење“, на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

     Со оваа акција, ФОРУМ-ЦСИД се стреми да ги информира и поттикне граѓаните да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво за што беа организирани обуки за претставници на локалните самоуправи од сите плански региони во Република Македонија, младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми. Обуките се наменети за сите кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење на теми поврзани со мониторинг на локалната самоуправа и активирање на граѓани за решавање на локални проблеми. По обуките, учесниците добиваат можност да реализираат локални иницијативи за подигнување на свеста за решавање на тековните проблеми во нивниот регион или заедница, - велат од ФОРУМ-ЦСИД.

    Во Oсновното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце учат 70 ученици од прво до деветто одделение.