×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Евроамбасадорот Жбогар во посета на Старо Нагоричане

    14.04.2018 07:43 | KumanovoNews

    Шефот на Делегацијата на Европската унија амбасадорот Самуел Жбогар вчера попладне ја посети општина Старо Нагоричане на одбележување на Европска година на културно наследство во Република Македонија.

    Евроамбасадорот Жбогар во посета на Старо Нагоричане

      На средбата со градоначалничката Жаклина Јовановска било разговарано за проблемито со кои се соочува Општината, при што високиот гостин ветил поголема соработка и подршка на проекти од Европската Унија.

     „Му ги посочивме сите проблеми со кои се соочуваме, пред се инфраструктурните. Како пример за подршката што досега ја имавме е грантот за реконструкција и реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи„ и изградба на плоштадот во Општината Старо Нагоричане. Јас се надевам дека во наредниот период ќе имаме поуспешна соработка на  поголеми проекти, па амбасадорот ќе ни биде почест гостин“,- изјави Јовановска.

    Амбасадорот истакна дека ова е негова прва посета во Општината и ја искористил да се запознае со културното наследство и природните убавини.

     „Разговаравме за предизвиците, за проблемите, бидејќи се работи за општина која по број на население е мала, но што се однесува на големината на нејзината територија таа е голема. Со градоначалничката ги разгледавме проектите што додега се реализирани со средстав на ЕУ и заклучивме дека малку проекти се имплементирани од страна на ЕУ фондовите. Ќе се заложиме во иднина да помогнеме да се реализираат повеќе проекти и да има поголем пристап до фондовите“,- изјави Жбогар.

    Амбасадорот и на градоначалничката и врачи благодарница за досегашната соработка, но и за идната соработка.