×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија

    19.09.2019 10:37 | KumanovoNews

    Фото клубот Куманово, по шести пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија, во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

    Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија

    Фото школата ќе биде поделена на два дела: историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата и дигитална обработка на фотографијата.

    За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел да се доближат  до актуелните трендови во уметничката фотографија. Предавањата ќе ги држат Владимир Јовановски и Марина Крстиќ (претседател), заедно со останатите членови на фото клуб Куманово, - соопштуваат од клубот.

    Предавањата ќе бидат одржувани во просториите на фото клуб Куманово.

    Учесниците што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на Фото клубот Куманово.

    Најуспешните фотографии ќе бидат изложени на „Малински фото фестивал“, 2020.

    За да се пријавите или за повеќе информации контактирајте на: [email protected].