×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фрлал ѓубре од кола, па се степал со полицајци

    25.04.2018 10:48 | KumanovoNews

     На улицата „Народна Револуција“, синоќа полициски службеници кои вршеле мотопатролна служба забележале како од патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со кумановски регистерски таблици од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар.

    Фрлал ѓубре од кола, па се степал со полицајци

    Возилото го управувал Е.Р. (22) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, М.Н.(22), кој не носел документи му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

    Истиот почнал да ги омаловажува полициските службеници, давал отпор, а во тој момент возачот Е.Р.со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија.

    По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.