×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гласавме за подобро утре, но се разочаравме, вели Елезовски

    19.02.2018 22:39 | KumanovoNews

    Актуелната власт премногу „завергла“ во решавањето на проблемот со името и влезот во ЕУ, поради што заборави на реалните проблеми на граѓаните, сиромаштијата, нечовечкиот третман кон маргинализираните групи на граѓани, скандалите во судството и квалитетот на луѓето кои ги поставуваат на позициите, смета претседателот на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски.

    Гласавме за подобро утре, но се разочаравме, вели Елезовски

    „Политичарите ги заборавија граѓаните, бидејќи нивните празни ветувања донесоа само раздор, лутина, разочарување и заминување од државата, зголемување на дискриминацијата, па дури и појава на расизам. Не може со пишување на социјалните мрежи да се оправдаат некои нетолерантни и недипломатски процеси, бидејќи дипломатијата бара сериозни луѓе кои ќе ја водат државата. Сме гласале за подобро утре, но се соочуваме со разочарување“, - вели Елезовски.

    Тој го искритикува и градоначалникот Максим Димитриевски, кој не го прими министерот Аксел Ахмедовски и покрај тоа што средбата била најавен пред еден месец.

    „Општината не покажува воља дека работите ќе се сменат, тоа не може да се смени со фестивали. Ситуацијата во Куманово се сведува на тесно партиски и поединечни интереси, а со тоа ромскиот глас многу лесно се зема на изборите. Куманово е  мртов град, нема живот, нема ниту една фабрика што работи. Како да се чувствува позитивност кога сите  зависиме од развојот на економијата. Во овој момент во Куманово им само големи ветувања без конкретна реализација“, - додаде Елезовски. 

    Тој посочи и дека како припадник на ромската етничка заедница се чуствува инфериорно, бидејќи клучните прашања во државата и опшината ги решаваат само припадници на двете заедници, Македонците и Албанците, додека останатите заедници се маргинализирани и институциите немаат слух за решавање на нивните проблеми.