Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеник е нападнат од членови на едно семејство додека бил на должност и преземал мерки кон возач на автомобил, кој бил непрописно паркиран.
Инцидентот се случил завчера околу 10.50 часот на улицата „11-ти Октомври“, кога А.Е.(55) од Куманово кој управувал патничко возило поло, го омаловажувал полицаецот при вршење служба со специјално возило “пајак“.
Откако на А.Е. му било наредено да излезе од возилото, тој му ја одзел радио врската на полицискиот службеник. Тогаш од возилото излегле и две женски лица кои физички го нападнале полицискиот службеник влечејќи го за вратот. Во полициска станица бил приведен А.Е., а повикани на службен разговор биле В.Е.(62) и С.А.(28) и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.