×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градската библиотека кубури со простор

    11.12.2018 08:42 | KumanovoNews

    Недостиг на простор е проблем со кој години наназад се соочува Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово.

    Градската библиотека кубури со простор

     Сегашниот простор од само 600 метри квадратни во стамбено-деловен објект, ни од далеку не ги задоволува современите стандарди за јавна библиотекарска установа со над 200 илјади книги и 19 вработени. Дел од книгите се сместени и во подрумот на зградата на т.н. Комитет.

    „Овој сериозен проблем секоја година го истакнуваме во Програмата за работа на библиотеката. Се надеваме дека во некое догледно време локалната самоуправа, со помош на Министерството за култура, ќе изнајде решение за нов објект, којшто би бил по светските стандарди за чување на книгите и ќе ги исполни условите за работа  на  вработените и на нашите корисници“, - изјави директорот Марјан Петковски.

    Раководството решението го гледаше во поранешниот Дом на пионерите, кој беше идеален за оваа намена, бидејќи се наоѓа помеѓу три училишта. Покрај големите просторни капацитети за сместување на книгите и отварање на повеќе читални, во зградата има и голема сала за одржување на промоции и манифестации, што сега е голем проблем на библиотеката .

    Откако Министерствот за труд и социјална политика одлучи овој објект да го пренамени во детската градинка, надлежните од библиотеката, очекуваат ново решение за долгогодишниот проблем. Една од опциите е надградба во Центарот за култура, како што било предвидено при неговата изградба.

    Кумановската библиотека е една од најбогатите јавните општински установи со книжен фонд во државата. Располага со одделение за возрасни со читална, одделение за деца и дигитална читална. Поради недоволниот простор детскиот оддел се наоѓа во Центарот за култура.  Наскоро ќе профункционира и т.н. подвижна библиотека, библиотекар со автомобил ќе врши посета на училиштата во руралните средини еднаш неделно, заради навремено обезбедување на книги и на децата во селските средини.

     Во билиотеката има регистрирано 7.500 членови, активни се 4.500 и бројот на читатели секоја година се зголемува. Голем проблем е и малиот капацитет на читалната.

    „Моментално читалната собира 23 посетители, а има потреба од 40 до 50 места. Особено просторот е тесен во време на испитните сесии на студентите. За оние кои немаат место ги сместуваме во дигиталната читална, за да им излеземе во пресрет, - изјави Петковски.