Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На селските патиште во повеќе кумановски села во изминатиот период се поставува гребен асфалт.
Од Општина Куманово велат дека жителите на овие села преку месните заедници побарале решение за проблемот, по што се пристапило кон поставување на отстранетиот гребен асфалт од реконструкцијата на патниот правец Куманово- Свети Николе. Досега тампонирани се патиштата во селата Орашац, Кучкарево и Кшање.
„Од страна на Јавното претпријатие за државни патишта ни е отстапена целата количина на гребен асфалт, кој се вади од трасата Доброшане- Свети Николе, а се користи за тампонирање на руралните патишта во поранешната Општина Орашац. Немаме доволна количина да ги завршиме сите патишта ама по барање на жителите дадовме приоритет каде е најпотребно, бидејќи немаме пари за нови патишта“, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Меѓу другите патишта тампониран е и патот кон затворот Кшање, а градоначалникот најавува дека оваа пракса ќе продолжи и во наредниот период.