×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Иле Митковски в.д. директор на Агенцијата за претприемништво

    13.04.2018 10:59 | KumanovoNews

    Иле Митковски од Куманово е назначен за в.д. директор на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија.

    Иле Митковски в.д. директор на Агенцијата за претприемништво

      Новиот директор вчера е именуван од управниот одбор на Агенцијата.

    Митковски доаѓа на местото на Боби Мојсоски, кој на последната владина седница е назначен за в.д. директор на Казнено-поправната установа Идризово.

    Иле Митковски е од ЛДП и доаѓа од ЈП „Водовод“. Предходно беше секретар на општинска организација на Црвен крст Куманово.

    Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ претставува централна државна институција за поддршка на претприемништвото и развојот на малото стопанство во Република Македонија.

    Надлежности на Агенцијата за подршка на претприемништвото се  изградба на поволно економско опкружување и законска регулатива, создавање и развој на институционална инфраструктура за поддршка и развој на претприемништвото и конкурентноста во малото стопанство,   спроведување и координација на државната и меѓународната поддршка за микро, малите и средни бизниси, промоција на претприемништвото преку нефинансиски и финансиски форми на поддршка и спроведување на Програмата за мерки и активности за поддршка на претприемништвото и создавање на конкурентност во малото стопанство на Република Македонија.