×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложбата на цртежи “Скици 2017“ во Кавадарци

    11.12.2017 10:44 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ - Кавадарци,  утре во 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на цртеж “Скици 2017“.

    Изложбата на цртежи “Скици 2017“ во Кавадарци

    Изложбата содржи 24 цртежи работени во повеќе ликовни техники а продукцијата е од понов период.

    Учество на изложбата земаа следниве академски уметници: Дејан Арсовски Бабата, Зоран Арсовски Бабата, Марија Валичковска, Бране Величковски, Владимир Величковски, Симона Јакимовска, Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ана Јовановска, Далибор Крстевски, Борис Кукуњавски, Страхил Петровски, Вера Тодоровска, Трајко Тошевски, Марина Цветановска - Мартиновска.  

    Своето седмо издание, биеналната изложба на цртеж “Скици 2017“ ќе го одбележи со отварањето на вратите за сите ликовни уметници, досега учество земаа само академските сликари.  

    Изложбата е во организација и координација на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев - Куманово.