×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања против насилството врз жените и семејното насилство

    04.12.2017 07:53 | KumanovoNews

    Меѓународна кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ денеска ќе биде презентирана во Куманово.

    Кампања против насилството врз жените и семејното насилство

    Во рамките на Меѓународната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, Женската граѓанска иницијатива АНТИКО денеска во салата на Советот на Општина Куманово, од 12 до 14 часот ќе организира работилница на тема: „Координирано дејствување-планирање на услуги за оснажување и подршка“ и изврши дистрибуција на промотивно-едукативен матерјал.

    Насилството е еден од главните механизми кое влијае на одржувањето на нерамноправната положба помеѓу половите и ги држи жените под контрола. Насилството се третира како женско прашање, бидејќи 93% од жртвите се жени. Но, сепак, насилството е истовремено и машко односно општествено прашање, во кое треба да имаат водечка улога и мажите, со цел да се донесат вистински промени и вредности базирани на еднаквоста и универзалноста на човековите права. Пристап кој ги вклучува сите главни актери во процесот на решавањето на прашањата на родовото и семејното насилство, со што се повредува основното човеково право за достоинствен живот.

    Целите на активностите на кампањата се да се даде придонесе кон зголемување на јавната свест и информираноста за мерките кои треба да се превземат во однос на проблемот на насилството врз жените и девојчиња, и семејното насилство на локално и национално ниво. Главна цел е да се овозможи превенирање на насилството и подобрување на заштитата на потенцијалните жртви, но и да се потсетат сите надлежни државни институции и други засегнати страни за потребата да се обезбеди нивно активно, организирано, координирано и ефикасно приклучување кон заложбите за елиминирање на сите форми на насилството врз жените и девојките, во согласност со „Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ на Македонија.

    Настанот е замислен како интерсекторски форум на претставници од сите институции кои што имаат удел во креирањето и имплементацијата на родово-базирани политики, а акцент ќе биде ставен и на руралните жени.

    Организатор на настанот е невладината организација Рурална Коалиција - Куманово.