×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кирацовски се сретна со сопартијците во Куманово

    23.05.2018 12:23 | KumanovoNews

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски синоќа во Куманово се сретна со членовите, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.

    Кирацовски се сретна со сопартијците во Куманово

    На средбата присуствувале и потпретседателот Оливер Спасовски и организациониот секретар Миле Зечевиќ, а било разговарано за актуелната политичка состојба во државата, спроведувањето на економските мерки, како и за идните предизвици на домашен и меѓународен план.

    - Како парламентарно мнозинство и Влада, во оваа неполна година усепавме да реализираме мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, но истовремено го поттикнуваат и економскиот раст. Иако наследивме катастрофална состојба, преку домаќинско работење успеавме да направиме солидна заштеда и тие пари да ги насочиме кон оние на кои им се најпотребни. Убедени сме дека доколку продолжи ова темпо на заштеди, дека веќе од јануари 2019 година ќе се создадат услови за да се воведе бесплатното болничко лекување за сите граѓани, но и социјалната помош да порасне тројно и да изнесува околу 11.500 денари за четиричлено семејство“- истакнал Кирацовски.

    Генералниот секретар Кирацовски се осврнал и на предизвиците на меѓународен план и истакнал дека Македонија прави крупни чекори на патот на евроинтеграциите, со што се обезбедува иднината на државата и сите граѓани.

    - Успеавме да ја вратиме државата во евроинтегративниот процес. Преку политиките на пријателство и соработка од изолирана и скарана држава станавме држава која ги решава проблемите и дава позитивни примери. Продолжуваме по патот на евроинтеграциите, бидејќи тоа е патот на развој и напредок,- порачал Кирацовски од Куманово.