×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на „Трио Џентлмен“ во Куманово

    24.04.2018 07:35 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Трио Џентлмен“.

    Концерт на „Трио Џентлмен“ во Куманово

     Триото е составено од тројца оперски пеачи: Дејан Стоев- тенор, Кристијан Антовски-баритон и Дарко Нешовски-тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво.

    За ова кратко време колку постојат (околу две години) имаат настапувано низ целата земја (Скопје, Охрид, Струга, Битола, Радовиш, Виница, Штип, Пробиштип и др.) со свои целовечерни концерти, како и, дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.

    На програмата се: Adagio, Hallelujah, Senca Catene, Notte di luce, Nella Fantasia, Feelings, One night only, My Way, You raise me up, Unbreak my heart, La vida sin amor, Beautiful Maria of my soul, Caruso, Parla piu piano, Mamma son tanto felice.

    Концертот ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура.