×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за нотар, изготвил лажно полномоштво

    16.07.2019 20:12 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(41) од село Матејче, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против В.Ј.(62), од село Матејче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

    Кривична пријава за нотар, изготвил лажно полномоштво

    На 14.03.2019, првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека М.Р. од село Матејче го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако М.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство.

    Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал во име на М.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на М.Р..

    Во вториот случај, полицијата поднела кривична пријава против Е.А.(41) село Матејче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и Р.Р.(55) од село Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

    На 11.03.2019,  првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека Ќ.Р. од с.Липково го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако Ќ.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство. Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал за сметка на Ќ.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на Ќ.Р..