×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец изгубил 50 000 евра на бизнис со овци

    17.08.2018 12:57 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.М.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

    Кумановец изгубил 50 000 евра на бизнис со овци

    Во мај 2016 година пријавениот со лажно прикажување на факти во врска со набавка и заработка од продажба на овци за време на муслиманскиот празник Бајрам, навел лице од Куманово да започнат заеднички деловни односи.

    Притоа, во повеќе наврати му од одзел парични средства во вкупен износ од 58.000 евра, а по завршувањето на празникот не му ги враќал вложените пари на оштетениот.

    Потоа, повторно склучиле договор за заем, при што до 20.08.2017 година на оштетениот му вратил само 8.000 евра од вкупниот долг.