×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛИНГВАПЛУС слави 20. роденден

    18.01.2018 13:47 | KumanovoNews

    Центарот за странски јазици ЛИНГВАПЛУС Куманово, слави 20 години постоење и успешна работа.

    ЛИНГВАПЛУС слави 20. роденден

    Бројка во која се содржани илјадници задоволни посетители, голем труд и желба да се пренесе знаењето на еден мотивирачки, практичен и забавен начин.

    Почетокот бил скромен, а денес ЛИНГВАПЛУС нуди изучување на англиски, германски, француски, италијански, турски, албански и македонски јазик за странци. Поголем број на професори, како и надворшни соработници чиј мајчин јазик е англискиот, се само дел од тимот кој секојдневно го пренесува знањето на странските јазици на учениците.

    „Понудата на јазиците периодично се менува во зависност од побарувачката. Англискиот стандардно е секогаш најбаран јазик за изучување, и тоа од најмала до позрела возраст. Во моментов повторно актуелно е заминувањето во Ирак и Авганистан. Додека во изминатиов период како втор атрактивен јазик беше италијанскиот, сега преовладува германскиот, поради заминување на работа во оваа европска земја“- вели професорката Ангела Костиќ.

    Таа додава дена нивна најголема сатисфакција во работењето се задоволните посетители, а тоа  се должи на големата посветеност и љубов кон работата, системски пристап, индивидуална настава, прилагодена на потребите на секој ученик.

    „Се трудиме часовите да бидат интересни, мотивирачки, практични, со активност на учениците, а се со цел да се стекнат со применливо знаење и можност активно да го користат јазикот. Во наставата ги следиме најновите трендови, т.е. методи за изучување на јазиците кои се актуелни во Европа, поточно во Англија и Малта. Во последниве три години нудиме и курсеви за изучување на англискиот на Малта“, - додава Костиќ.

    Школото, покрај курсеви по странски јазици, нуди и преведувачки услуги, помош за ученици и студенти, издавање сертификати, тематски работилници со најмалите, теренска настава и екскурзии.

    Цените се пристапни, со семејни попусти, гратис за трет член од семејството, плаќањето е на рати.

    Просториите на ЛИНГВАПЛУС се на две локации во градот, на Трета МУБ спроти Рим-Париз и во населба Перо Чичо, спроти Амбулантата. Телефони за информации и уписи се 076/583-766 и 078/433-024.

    Професори за контакт: Ангела Костиќ и Јоана Сарафимовска.