×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минимално паднаа цените на горивата

    14.10.2019 12:20 | KumanovoNews

    Од ноќеска на полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Минимално паднаа цените на горивата

    Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.

    Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат и остануваат 70, односно 62 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за за 0,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,694 денари за килограм.

    Како причина за промена на цените од РКЕ ги посочуваат за околу 1,68 отсто пониската референтна цена на бензинот на светскиот пазар во изминатите седум дена, зголемената цена за 1,31 отсто кај дизелот и за 0,68 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.