×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Шапуриќ ја посети новата лабораторија на компанијата БДА

    14.09.2018 14:46 | KumanovoNews

    Министерот без ресор Зоран Шапуриќ и државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски,  денеска ја посетија првата приватна  акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија во државата, на компанијата БДА од Куманово.

    Министерот Шапуриќ ја посети новата лабораторија на компанијата БДА

    Притоа се запознаа со техничките и стручни можности на лабораторијата, која има 19 методи за испитување.

    - Станува збор за една од најсовремените приватни лаборатории во Македонија, по стандардите од 2018 година. Примената на најсовремените технологии и стандарди на ЕУ ќе значи зголемено ниво на контрола на безбедноста на храната и водата. Исто така разговаравме со менаџментот за можностите за подршката коишто се нудат со владините мерки за домашните компании, - изјави министерот Шапуриќ.

    Во лабораторијата ќе се испитуваат сите видови на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, жито и житни производи, јајца, вода, воздух, сите видови на безалкохолни пијалоци, сокови, зачини, сточна храна, мед и уште голем број на други производи. Акредитацијата се однесува и за одредени бактерии, како и супер анализи доколку постои сомневање во квалитетот на резултатите во било која друга лабораторија.

     Сопственик на компанијата БДА Најден Бајдевски, вели дека е голем интересот на компаниите и приватните лица, кои бараат секаков вид на испитувања.

    - За почеток имаме голем број на клиенти. Резултатите од нашата лабораторија се прифатени насекаде во Европа и во светот, бидејќи сме акредитирани по најновите стандарди MKC EN ISO/IEC 17025.Станува збор за професионална лабораторија, која дава високо професионални резултати. Најголем дел од нашата опрема е од Израел и Италија, која не може да даде погрешни резултати, бидејќи станува збор за многу софистицирана опрема, - изјави Бајдевски.

    Тој додава дека се во постапка за набавување на нова опрема и планираат да  ги прошират методите за тестирање на храна. Се надева дека наредната година ќе има нови  инвестиции и ќе се зголеми мониторингот на храна и производството на храна.

    Компанијата БДА е една од најспешните во Куманово, постои 12 години и се занимава со производство и преработка на месо и месни производи.