×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млад возач со бмв покосил сопружници, еден загинал

    14.11.2018 10:08 | KumanovoNews

    Еден пешак загинал, а друг бил повреден откако двајцата биле прегазени од автомобил управуван од млад возач, синоќа во селото Липково.

    Млад возач со бмв покосил сопружници, еден загинал

    Според полицијата, сообраќајката се случила во 21.10 часот на локалниот пат село Слупчане – Куманово.

    Автомобил „бмв“ со кумановски регистерски таблици,  управуван од Р.З. (21) од селото Липково удрил во пешаците Ф.Д.(34) и Б.Д.(39), двајцата од селото Слупчане.

    Од ударот Б.Д. се здобил со тешки повреди и починал на пат кон болницата во Куманово. Пешакот Ф.Д. бил полесно повреден.

    Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

    Се работи на целосно расчистување на случајот.