×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Момче загина откако со автомобил удрил во столб

    16.08.2018 09:09 | KumanovoNews

    Дваесетгодишно момче го изгуби животот откако со возило удри во бетонски столб.

    Момче загина откако со автомобил удрил во столб

    Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 21.20 часот, на регионален пат Куманово-с.Липково, во с.Опае, кога М.А.(20) од липковското село Отља, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

    Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово.

    По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

    На полноќ М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

    Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.