×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нередовно се собира сметот на “Војо Карастојанов“, се жалат жителите

    18.07.2019 10:44 | KumanovoNews

    Жителите од улицата “Војо Карастојанов“, која се наоѓа над Зелениот пазар, се жалат дека нередовно се собира сметот од нивната населба.

    Нередовно се собира сметот на “Војо Карастојанов“, се жалат жителите

    Наместо како што е предвидено двапати неделно, во вторник и во петок, камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ ги нема со денови, па сметот смрди во кантите.

    „Од петок ги нема да го соберат ѓубрето. Во вторник требаше да дојдат, а ги нема ни денеска. Улицата почна да смрди. Некогаш доаѓаат еднаш неделно, а некогаш ни толку.  Многупати сме се јавувале да интеревнираме и повторно по старо“, - вели Газменд Џафери.

    Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека во овој период од годината имаат зголемен обем на работа и можно е да се случи некоја од улиците да биде одмината и да не се собере сметот  во терминот согласно динамичниот план, меѓутоа сепак во најбрзо време одговораат на потребите на граѓаните.

    „Поради техничките проблеми што ги имаме со малите возила отежнато е собирањето на сметот во помалите улички, меѓутоа работиме на решавање на проблемот, - категорични се од претпријатието.