×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинителството поведе постапка за возачот кој усмрти едно лице

    14.11.2018 10:22 | KumanovoNews

    Осомничениот управувал бмв без возачка дозвола и со брзина поголема од дозволената, удрил директно во двајца пешаци – сопружници, кои се движеле по патот во иста насока како возилото

    Обвинителството поведе постапка за возачот кој усмрти едно лице

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи, синоќа изврши увид на лице место каде што се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

    Надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик.

    Како што соопштуваат од ОЈО, несреќата се случила околу 21.30 часот на локалниот пат кој води кон с. Слупчане. Осомничениот, 21-годишен жител од Липково, се движел со возило марка БМВ со кумановски регистарски таблички, кое го управувал без да поседува возачка дозвола.

     Возејќи со брзина поголема од дозволената, осомничениот удрил директно во двајца пешаци – сопружници кои се движеле по патот во иста насока како возилото. Од силината на ударот на лице место починал мажот, 39-годишен жител на с. Слупчане, додека неговата сопруга се здобила со повреди.

    Јавниот обвинител нареди сообраќајно техничко вештачење на возилото, како и прибирање траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатиот.

    Обвинителството ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите во предметот.