×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ОЈО започна постапка против дилерка на дрога од Куманово

    23.05.2019 08:41 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    ОЈО започна постапка против дилерка на дрога од Куманово

    На 22.05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради продажба држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето маса од 11,94 грама. Осомничената ја прибавила наркотична дрога марихуана и хероин за натамашна продажба, за чија цел поседувала и две дигитални ваги кои при извршените претреси се пронајдени и одземени, соопштуваат од ОЈО.

    Надлежниот јавен обвинител постапувајќи по поднесената кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Воедно ценејќи дека се исполнети законските основи до Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничената.