×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата бараат вонредна седница на Совет заради загадувањето на воздухот

    13.11.2018 16:15 | KumanovoNews

    Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, достави иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Општина Куманово, на која ќе преземат мерки за заштита од екстремното загадување во градот.

    Опозицијата бараат вонредна седница на Совет заради загадувањето на воздухот

     Сведоци сме дека во последните 13 дена нивото на концентрација на PM 10 честичките во амбиенталниот воздух во Куманово постојано се движи во интервал од висока до екстремно висока загаденост согласно пропишаните норми од Европската унија. Затоа бараме од градоначалникот на општина Куманово, во соработка со сите надлежни институции, тела и органи од општина Куманово и Република Македонија да изготви и на вонредната седница до Советот да достави: информација за состојбата со екстремната загаденост на амбиенталниот воздух на територија на општина Куманово, програма со итни мерки и активности, кои можат и мора да се преземат за да се намали штетното дејство од екстремно високата загаденост на амбиенталниот воздух на територијата на општина Куманово, - соопштуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.