×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Старо Нагоричане објави јавен повик до доверителите

    11.12.2018 14:12 | KumanovoNews

    Врз основа на Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а не платени обврски, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане објавува јавен повик до доверителите на Општина Старо Нагоричане и доверителите на единките корисници основани од Општина Старо Нагоричане, од областа на образованието, социјалната заштита и културата, за пријавување на доспеани, а не наплатени побарувања.

    Општина Старо Нагоричане објави јавен повик до доверителите

    Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на jавниот повик. Денот на објавување на jавниот повик не се засметува во рокот.

    Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските. Со пријавата, доверителите се должни да достават Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Старо Нагоричане и доверителот, и Фактура/ Ситуација за задолжувањето ( аналитичка картица).

    Документацијата целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

    Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на Општината Старо Нагоричане и од Facebook (Фејсбук) профилот на Општина Старо Нагоричане.

    Рокот за поднесување на пријави е 8 работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.

    Јавнот повик и обрасците ,,Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Старо Нагоричане и доверителите на единките корисници основани од Општина Старо Нагоричане од областа на образованието, социјалната заштита и културата,  за пријавување на доспеани, а не платени побарувања бр.05-1238 од 11.12.2018 година’’ ќе бидат објавени на facebook профилот на Општина Старо Нагоричане.

    Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“ или лично во писарницата на Општина Старо Нагоричане (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), во Општина Старо Нагоричане, 1303 Старо Нагоричане.

    Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

    Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 031/495-333 и 031/475-821- Одделение за финансиски прашања, или на електронската адреса: [email protected].

    По завршувањето на Јавниот повик, Општина Старо Нагоричане во рок од 8 дена ќе ги разгледа пристигнатите пријави, а Градоначалникот  на Општина Старо Нагоричене ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а не наплатени обврски.

    (комерцијална објава)