×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ослободителна пресуда за Заев за прислушуваните разговори во Куманово

    20.02.2017 16:04 | KumanovoNews

    Кумановскиот суд ги отфрли обвиненијата за Заев, СДСМ и Костовски, по тужбата на Цветковски за прислушуваните разговори во Куманово

    Ослободителна пресуда за Заев за прислушуваните разговори во Куманово

    Ослободителна пресуда донесе кривичниот совет во Кумановскиот суд, по приватна тужба на Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ, против лидерот на СДСМ Зоран Заев, СДСМ како правно лице и Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово, за кривично дело неовластено снимање и објавување на разговорите во т.н. бомби на прес конфернција во Куманово.

    „Не сме задоволни од пресудата и затоа ќе ги преземеме сите правни можности до повисоките судски инстанци, Апелација, Врховен суд, а доколку е потребно и до Меѓународниот судот за човекови права во Стразбур. Со оваа пресуда судијата го фрли во вода целиот свој професионален кредибилитет, бидејќи потклекна на политичкиот притисок. Ќе поднесам преставка до судскиот совет за непрофесионално постапување на судијата во овој случај, - изјави Виктор Цветковски, по судењето.

    Цветковски ги тужи Зоран, СДСМ и Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговорот меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

    Тој пред судот бараше да се казнат тужените затоа што ја нарушиле неговата приватност, додека одбраната на Заев тврдеше дека објавувањето на снимените разговори била одлука на партијата поради повисоки државни цели.