500x100-1
12. 01. 2018 12:37

Отворен нов вулканизерски сервис и продажен салон „КОЛЕВ Пнеуматик” во Куманово

Отворен нов вулканизерски сервис и продажен салон „КОЛЕВ Пнеуматик” во Куманово

Започна со работа нов современо опремен вулканизерски сервис „КОЛЕВ Пнеуматик”, кој се наоѓа во населбата Карпош на улица 7 бр.35, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, пред Алфи Техноцентар.

На површина од 150 метри квадратни сервисот овозможува брзи и квалитетни вулканизерски услуги, продажба и замена на акумулатори од програмата на Varta, Exide, Topla, Hagen, Afa, Perion, Powerplus. Продажба на сите видови на гуми од програмата на Tigar, Sava, Michelin, Fulda, Dunlop, Continental, Barum, Debica, Nankang. Продажба на гуми за сите видови на земјоделски машини, камиони, автобуси, гуми за велосипеди, гуми за моторцикли, сите видови на внатрешни гуми, моторни масла, филтри, антифриз, патосници и друго.

Вулканизерскиот сервис „КОЛЕВ Пнеуматик” е опремен со нови италијански машини CORGHI, за најпрофесонално балансирање со ласерска балансерка, монтирање и демoнтирање на гуми за сите видови на патнички и комби возила.

Со купување на гуми од салонот потрошувачите добиваат гратис монтажа и балансирање.

Вулканизерскиот сервис „КОЛЕВ Пнеуматик” работи со најниски цен во градот, со редовен попуст за сите сегашни и идни клиенти.

Специјални попусти одобрува за фирмите со повеќе возила, кои ќе ги користат вулканизерските услуги на сервисот.

Во состав на компанијата „Агропром ВБ”, покрај вулканизерскиот сервис работи и салонот за продажба на гуми за сите видови на патнички возила, земјоделски машини, камиони, автобуси, гуми за велосипеди, гуми за моторцикли, сите видови на внатрешни гуми, акумулатори, моторни масла, филтри, патосници, антифриз и друго, кој се наоѓа на улицата Ленинова бр.36.

Сите улуги и информации граѓаните можат да ги добијат на телефонот 078/691-518 или лично во продажниот салон на улица Ленинова бр.36 и во вулканизерскиот сервис „КОЛЕВ Пнеуматик” на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, пред Алфи Техноцентар, во населбата Карпош.

Отворен нов вулканизерски сервис и продажен салон „КОЛЕВ Пнеуматик” во Куманово