Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според информациите од ДИК 22.10 часот, од пребројаните гласови кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски води пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Пендаровски има 10.096 гласа, наспроти 8.594 на Силјановска-Давкова. Кандидатот на Алијансата на Албанците, Блерим Река има 3.939 гласа.
Во проценти, Река има 16,66, Силјановска-Давкова 36,35, а Пендаровски 42,70 отсто од гласовите.
Неважечки се 1.013 гласови или 4,28 отсто.
Во Куманово на изборите гласале 25.457 гласачи, излезноста е 37, 65 %.
Во Старо Нагоричане води Гордана Сиљановска- Давкова со 733 гласа, додека Пендаровски има 645 гласа, Блерим Река 12.
Во Старо Нагоричане излезноста 40,04 отсто.
Во Липково, Река има 2905 гласа, Пендаровски 1660, а Сиљановака 9 гласа.
Излезноста во Липково е 17,24 гласачи.
Излезноста на првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија по затворањето на гласачките места во 19 часот.