500x100-1
19. 09. 2019 08:26

Пет пожари во изминатото деноноќие, горела сува трева и контејнер

Пет пожари во изминатото деноноќие, горела сува трева и контејнер

На територијата на Општина Куманово, во изминатите 24 часа, регистрирани се 5 пожари. Четири биле во селските средини, додека еден во центарот на градот.

Екипите на ТППЕ Куманово, гаснеле пожар на запалена сува трева во селата Добрешане, Речица, кај спортскиот аеродром Аџи Тепе, Умин Дол и Табановце, додека на улицата Трета МУБ, се запалил контејнер.

Сите пожари се локализирани на време.