×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски: СДСМ наместо граѓанска одржа партиска трибина

    14.10.2019 08:37 | KumanovoNews

    Она што во саботата требаше да биде граѓанска трибина на СДСМ и Заев во Куманово, всушност беше нивна средба со приближно 500 активисти на СДСМ и нивната коалиција, изјави претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.

    Петрушевски: СДСМ наместо граѓанска одржа партиска трибина

    Тој обвини дека Заев, Спасовски и Димитриевски немајќи реализирани проекти во Куманово, се испофалиле со проектите кои се започнати и во најголем дел завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа наведе дека од предходната власт обезбедила средства или ја започнале изградбата на aвтопатот Куманово – Миладоновци, пругата Куманово – Бељаковце, двете спортски сали и ТИРЗ.

    - Заев, Спасовски и Димитриевски заборавија дека СДСМ е веќе три години на власт во Република Македонија и скоро три децении власт во Општина Куманово. За овие три години немаат проект во Куманово кој е осмислен, подготвен и реализиран од нивна страна. Заборавија на ветувањата за мерки против иселување на младите, кое во последниве години зафаќа епски размери. Ниту збор не кажаа за поскапените цени на производите, пред се поради зголемената акциза на бензините. Заборавија на ветувањето за чист воздух и гасификацијата, па на кумановци не им објаснија зошто и после три години власт, во Куманово ниту една државна институција не е гасифицирана, пред се Болницата која токму од градоначалникот Димитриевски беше посочувана како еден од најголемите загадувачи. За ова има ветување и од министерот за здравство уште пред една година, но денес гледаме дека ништо не е направено, а Болницата набави мазут за греење и за оваа сезона. Заборавија на ветувањата за модерно справување со отпадот и дислокација на постојната депонија, на изградбата на цевковод од Липково до Куманово, на две нови детски градински, на современите 5 катни гаражи, настрана од оваа времено монтажно демонтажна или како и да ја именуваат. Ова се само дел од прашањата кои кумановци сакаа да ги отворат и разговараат, доколку трибината беше од отворен карактер и доколку се имаше вистинска воља од власта, - изјави Петрушевски.