×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пo 10 години почна да се гради првата индустриска зона во Куманово

    12.10.2019 14:06 | KumanovoNews

    Започна изградбата на примарната инфраструктура на Речица, првата индустриска зона во Општина Куманово, која се наоѓа покрај автопатот Куманово- граничен премин Табановце.

    Пo 10 години почна да се гради првата индустриска зона во Куманово

    За зоната 20 милиони денари обезбеди државата, а ќе бидат искористени за изградба на пристапните патишта, водоводна, фекална и атмосферска канализација.

    „Оваа индустриска зона е значајна за Куманово, но и целата држава. Затоа, државата одлучи да помогне од централен буџет. Оваа година одвивме 20 милиони денари, дадено за поддршка на инфраструктура, и наредните години ќе продолжуваме да помагаме. Ова е една од најдобрите локации во државата, бидејќи е на Kоридорот 10, со лесно пристапен пат, што претставува дополнителна примамаливост за самите инвеститори“, рече премиерот Зоран Заев кој денеска ја посети зоната.

    Индустриската зона Речица е со површина од 61 хектари, а ќе бидат изградени повеќе индустриски капацитети со лесна и незагадувачка индустрија, трговски центри.

    „Веруваме дека оваа индустриска зона ќе биде една од најразвиените во државата, бидејќи се наоѓа на атрактивна локација, интересот на домашните и странски инвеститори е огромен. Во моментот се рализираат две конкретни инвестиции, на два производствени капацитета и верувам дека тој тренд ќе продолжи“, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

    Toj најави дека до крајот на годината Општината ќе пушти во продажба нови парцели, цената за индустриските капацитети ќе бидат со почетна цена од 61 денар по квадрат, додека за трговските единици цената ќе биде 800 денари плус ДДВ по метар квадратен.

    Стопанствениците од Куманово ја искористија средбата со премиерот да ги кажат проблемите со кои се соочуваат и да побараат решение.

    „Побаравме од премиерот да имаме ист третман со странските инвеститори, бидејќи ние целата добивка ја реинвестираме тука, а странските инвеститори ја носат таму од каде што доаѓаат. Затоа, ние треба да бидеме поддржани и повеќе од нив. Предложивме да се доведе гасовод во зоната, бидејќи гасот е поевтин енергенс и нашите производи ќе бидат поконкурентни на пазарот. Еден од проблемите е и што Регионална канцеларија на УЈП се наоѓа во Штип, па за една потврда патуваме по 60 километри, бараме да отворат и во Куманово, бидејќи сме најголем регион“, рече Назми Ејупи, соственик на фирмата „Бентони“, првата фабрика во зоната.

    Индустриската зона Речица, на хартија постои десетина години, но безуспешни беа обидите на поранешната локална власт да добие поддршка од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од атрактивните парцели беа продадени од Министерството за транспорт и врски, но немаше воља да се развива и да се инвестира во неа и покрај големата потреба на стопанствениците. Во истиот период никнаа две помали индустриски зони во населени места, во населбите Карпош и Доброшане.