×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потребна е итна помош за лекување на 14-годишно девојче од Куманово

    11.12.2017 09:13 | KumanovoNews

    Јована Станковска (14) од Куманово боледува од Церебрална парализа и во втората половина на јануари треба да замине на лекување во Москва.

    Потребна е итна помош за лекување на 14-годишно девојче од Куманово

    По шест неуспешни операции во Македонија и две операции на колкови во Израел, девојчето се уште е врзано за постела. Единствена шанса да застане на нозе е трансплантација на матични клетки во приватна клиника, во Москва, Русија.

    „За да има успех мора да се направат повеќе третмани со матични клетки, а времето и напредокот ќе покажат колку точно. Главна пречка поради која не можеме да заминеме се финасиски средства во висина од над 21.000 евра за испитување и трансплантација, без карти за сместување, а околу 13. 000 евра за понатамошно лекување без останатите трошоци за патување и престој во странство“, - велат родителите на Јована.  

    Семејството Станковски не е во можност само да ги обезбеди потребните пари за скапата и тешка операција, па затоа апелира до сите институции, приватни фирми и граѓани да помогнат.  Јована  треба да замине на лекување во Москва во втората половина на јануари, наредната година, доколку ги соберат потребните средства .

    Фондот за здравство на Република Македонија не ги покрива трошоците за трансплантација на матични клетки, тврди семејтвото.

    Подршка на Јована и даваат и јавни личности, па на својот Фејсбук профил Тајзи напиша: „Нема да застанеме дури не те дигнеме на нозе мила моја. Добри луѓе со секој повик кон овие броеви донирате по 100 денари“.

    Телефонски броеви за донации за Јована:

    143-111 (за броеви на Телеком)

    143-482 (за броеви на ВИП/ОНЕ)

    Донации на сметка:

    300091000001889

    Комерцијална банка АД Скопје