500x100-1
12. 01. 2018 11:05

Пратеникот Јовановиќ не гласаше за Законот за јазици

Пратеникот Јовановиќ не гласаше за Законот за јазици

Пратеникот од Српската странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ од Куманово, не гласаше за Законот за употреба на јазиците, кој вчера беше усвоен во Парламентот.

Со овој закон во државните институции, покрај македонскиот официјален јазик ќе биде и албанскиот.

Јовановиќ беше воздржан при гласањето на пратениците од редовите на етничките заедници, иако е дел од вадејачката коалиција на СДСМ.

На гласањето не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја бојкотираат работата на Собранието.

За да стапи на сила овој закон треба да го потпише претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.