×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера и три претстави во Кумановскиот театар до крајот на месецот

    11.01.2018 13:01 | KumanovoNews

    Една премиера на албански јазик и три претстави на македонски јазик ќе се најдат на репертоарот на Кумановскиот театар до крајот на месецот јануари.

    Премиера и три претстави во Кумановскиот театар до крајот на месецот

    Како што објавија од Министерството за култура на 16 и на 18 јануари на сцената на Театарот во Куманово со почеток во 20 часот е премиерата и репризата на претставата „Ограбувачи“ во изведба на секцијата на албанска драма.

    На 24 и 25 јануари пак во 20 часот на репертоарот на Кумановскиот театар се комедиите „Бегај еве ја жена ти 2...“ во режија на Коле Ангеловски и „На погрешно место во погрешно време“ во режија на Мирослав Петковиќ, а на 31 јануари е драмата „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи.