×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставници од Факултетот за инженерски менаџмент од Белград во посета на Општина Куманово

    18.01.2018 19:01 | KumanovoNews

    Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска ги примил претставниците од Факултетот за инженерски менаџмент од Белград, при што било разговарано за соработка на заеднички проекти.

    Претставници од Факултетот за инженерски менаџмент од Белград во посета на Општина Куманово

    Факултетот има свое претставништво во Врање, поради што постојат услови за прекугранична соработка со Куманово. 

    „Ние сме заинтересирани за три работи. Прва и основна функција во овој момент е што постојат интересни европските проекти. Европа ги отвори своите фондови за т.н. прекугранична соработка. Бидејќи Куманово е блиску до Врање, ние дојдовме да бараме партнери за европските проекти. Втората функција е врзана за студирањето, бидејќи Куманово е значен регионален центар, каде потенцијалните студенти ќе се запознаат со можности за студирање на нашиот факултет и тоа не само средношколците, туку и оние кои имаат завршено факултети, кои сакаат да одат на постдипломски студии. Третиот аспект кој за нас е интересен, тој е индустриски, сепак, ние сме Факултет за инженески менаџмент,  па да видиме како можеме да соработуваме на локално ниво“- изјави деканот Владимир Томашевиќ.

    Продеканот Станко Булаиќ, вели дека градоначалникот Димитриевски бил импресиониран што еден Факултет покажал интерес за соработка со Општина Куманово.

    „Градоначалникот даде подршка да започнеме секаков вид на соработка, да го искористиме сиот потенцијал. Во наредниот период ќе потпишеме меморандум, ќе имаме зеднички конференции, округли маси, и она што е најважно да ја споиме науката со стопанските субјекти во Куманово и регионот“, - изјави Булаиќ.

    Иницијативата за посета и соработка на Факултетот за инженерски менаџмент од Белград со Општина Куманово е на професорот Никола Стојковски од Куманово, кој предава на факултетот во Врање.