×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Препки“ од Богатин Јосимовски

    25.04.2018 06:55 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во малата сала, утре во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Препки“ од авторот Богатин Јосимовски.

    Промоција на книгата „Препки“ од Богатин Јосимовски

    Промотори се: Анита Зафировска и Маргица Станисављевиќ- Станисављевска, а ќе настапи и мешовитиот хор на КУД „Ѓоко Симоновски“ при Здружение на пензионери.

    „Препки“ е поетски дискурс, (метафорично раскажување) за татковината, животот, историјата, доживувањата, домот, идентитетот, тоа е едно „историско тркало“. Авторот ги втурнува сите оние со немирен дух помеѓу зборовите, стиховите, а секој распознава онолку колку што може да исцрпи од сопственото искуство.

    Богатин Љубомир Јосимовски роден е на 11.02.1945 во с. Сопот, Кумановско, во сиромашно селско семејство. Основно училиште завршува во с. Сопот и с. Табановце. Техничко училиште завршува во Скопје и Куманово. Работел во фабриката „Карпош“ – Ѓорче Петров, а од 1965 работи во ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово. Денес живее и твори во Куманово. Во 1994 ја објавува поетската книга „Сонетен венец“ посветена на Скопје.