×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на „Мини прирачник за поезија“ од Елена Пренџова

    12.02.2018 09:40 | KumanovoNews

    Во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово утре во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“ од поетесата Елена Пренџова.

    Промоција на „Мини прирачник за поезија“ од Елена Пренџова

    „Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија.

     „Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови“. Книгата содржи десет есеи обајвени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови“, - изјави поетесата Пренџова.

    Воведна реч за делата на Пренџова ќе има поетесата Оливера Доцевска, која воедно ќе биде и модераторка на вечерта.

    Елена Пренџова (1985) е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и организаторка на слем-настани низ Македонија. Авторка е на шест збирки поезија: „Љубољубна“ (2014), за која ја доби наградата „Караманов 2014“; „Политички коректна поезија“ (2014) за која годинава ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка-членка на ДПМ; „Живот под ѕвездите“ (2013) за која ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а истата книга е преведена и објавена на хрватски јазик, како резултат на наградата Најдобар поет на Првите регионални поетски средби во дистрикт Брчко; „Пораки од морето“ (2011) за која е добитничка на наградата „Бели мугри“; „Таа“ (2009) и „Јас“ (2006).