×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книгата „Традиционалното и современото културно живеење во Куманово“ од Силвана Бојковска

    15.09.2018 10:59 | KumanovoNews

    Во преполна сала на Занаетчискиот дом во Куманово, синоќа беше промовирана книгата „Традиционалното и современото културно живеење во Куманово“ од м-р. Силвана Бојковска.

    Промовирана книгата „Традиционалното и современото културно живеење во Куманово“ од Силвана Бојковска

    Во книгата се опишани случувањата во Куманово, и на овие простори, од праисторијата до денеска, преку културниот, духовниот, историскиот, општествениот, економскиот и социјалниот живот на населението.

     - Се надевам дека направив достоен запис за Куманово, кој ќе допре до читателската публика. Нашиот град во текот на историјата се развивал со помал или поголем интензитет, но на кумановци никогаш не им недостасувал интузијазам и идеи за да создадат исклучителни преокти со кои градот ќе се гордее. Посебно сакам ова дела да допре до младите, да даде поттик да го чувствуваат градот како свој, да се пронаоѓаат, творат создаваат, да работат на својот личен развој, а преку сопствено надградување  да допринесат за напредокот и развојот на градот, - рече во своето обраќање Бојковска.

    Книгата е магистерски труд на авторката Бојковска, на Институтот за македонски јазик и култура, при универзитето „Кирил и Методиј“ во Скопје, па рецензенти на книгата беа нејзините ментори проф. др. Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. др. Илија Велев.  

    При пишувањето на трудот користена е архивската граѓа од Државниот архив на Македонија, Народниот музеј Куманово, Универзитетска библиотека, Кумановската библиотека, како и од монографиите за Куманово на авторите Димитар Масевски и Миодраг Арсовски- Болто.

    Промоцијата беше проследена со музички точки од КУД „СРМА изведба на кавал и песната „Јовка, кумановка“, видео изведба на „Земјо моја“ од Никола Давидовски,  настапи и актерот Горан Илиќ со извадок од „Ленче кумановче“.  Посетителите имаа несекојдневна можност да уживаат во убавиот културен настан проткаен со минатото и сегашноста, се во духот и менталитетот на Куманово. Големиот број на присутни покажа дека на градот му недостасуваат вакви оригинални настани.

    Силвана Бојковска е дипломиран економист, вработена во приватното претпријатие МЕГА. Долги години пишува поезија и има издадено збирка на хумористични песни. „Традиционалното и современото културно живеење во Куманово“ е нејзина прва прозна публикација.