×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реакција на колумната на Бране Петрушевски: „Градоначалникот вети и остварува“

    18.02.2018 09:53 | KumanovoNews

    Од општинската организација на СДСМ реагираат на колумната на Бране Петрушевски со наслов „100-те дена од Максовиот „живот за сите“ во Куманово.

    Реакција на колумната на Бране Петрушевски: „Градоначалникот вети и остварува“

     Реакцијата ја пренесуваме во целост.

      Најлесно е да критикуваш. Но земи направи го. Создади нешто корисно за заедницата, нека другите имаат бенефит од истото. Пред два дена прочитав текст дека градоначалникот за 100 дена од мандатот само се сликал и присуствувал протоколарно на некои настани. Градоначалникот за овие 100 дена направи повеќе од она што го направи ВМРО за Куманово изминативе 11 години. Некој ќе рече ама не беа на власт во Куманово. Не беа да, но беа на централно ниво и бидејќи општините се уште не се комплетно децентрализирани како што се очекува да бидат Владата беше онаа која одлучуваше како ќе се дели државниот буџет по општините.

    Куманово како најголема општина за сите тие 11 години од тој буџет доби само околу 9000 илјади евра. Да. Додека во Скопје се расфрлаа пари за галии, палми, институции кои протекуваат при првиот дожд и слични работи, Куманово како град беше оставен на милост и немилост. Да се снаоѓа како знае и умее. Со свои средства да прави се што направи. Вели колумнистот ИПА фондови, Владата...Туѓи перја... Па парите за реконструкција на канализационата мрежа ги даде Европската Унија, онаа унија против која тие декларативно фрлаат клетви и анатеми. Неправедно Куманово, а со тоа и граѓаните 11 години беа казнети затоа што тука владееше поинаква политичка опција.

    Пари се пуштаа и во Прилеп и во Крива Паланка и во Кавадарци но во Куманово никако. Дали видните луѓе во тогашното ВМРО не беа способни да издејствуваат средства, проекти за Куманово?

    Се посочува пивтијада на која присуствуаа и членови од нивната партија. Доколку имаме доблест и нешто не ни се допаѓа и јавно го критикуваме нема да одиме на таков настан. Кинеска нова година - тоа беше настан кој друштвото за македонско-кинеско пријателство реши да го направи во Куманово. Тоа друштво ги одбележува значајните настани за двете пријателски држави и оваа година како град домаќин беше избран Куманово.Убав настан на кој се разменија искуства и се договорија идни културни соработки помеѓу двата народа.

    Градоначалникот како што вети така и направи. Во програмата вети дека приоритет ќе биде во Куманово да нема кал и тоа започна да се реализира. Направени се, асфалтирани, поплочени голем број улици како во градот така и во околните населби, а процесот ќе биде со уште поголем интензитет во периодот кој следи.

    Локалната депонија ќе се реализира, а цевководот ќе биде реалност, бидејќи граѓаните мора да имаат нормално снабдување со вода.

    Во сообраќајот е хаос, тоа го гледаме секој ден. Мерки има и ќе има, но зависи многу и од нас од менталитетот - дали можеме да ги оставиме автомобилите дома и да не ги возиме доколку излегуваме на кафе или поминуваме низ центарот на градот.

    Мерките превземени против загадување на воздухот веќе даваат резултати а за кратко време ќе биде направена и студија за тоа како во иднина да се реагира во зависност од резултатите кои ќе се добијат.

    Куманово има огромен број на проблеми кои конечно започнаа да се разрешуваат и наскоро ќе се забележи промената.

    Добра е критиката но уште подобро е да се фатиме за работа бидејќи реално после 11 годишното цунами Македонија се наоѓа во поствоена состојба и потребни се копач и лопата за да почнат работите да се поправаат и да се почувствува подоброто“, - пишува во реакцијата Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.