×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рурален туризам и прекугранична соработка клучни за развојот на Старо Нагоричане

    20.02.2019 18:23 | KumanovoNews

    Руралниот туризам и прегуграничната соработка се клучни за економски развој на Општината Старо Нагоричане.

    Рурален туризам и прекугранична соработка клучни за развојот на Старо Нагоричане

    Ова е предвидено и во новата „Стратегијата за локален економски развој 2019-2013 на Старо Нагоричане“, на која една година работеа повеќе релевантни фактори во општината, а денеска беше прмовирана за пошироката јавност.  

    „Значаен акцент е ставен на развојот на руралниот туризам, заради тоа што Општината има голем потенцијал. Тука е опсерваторијата Кокино и останатото културно наследство, во кое треба да се вложува во наредниот период и да се развива, за да се унапреди локалниот економски развој. Втор приоритет е прекуграничната соработка, бидејќи Општината се наоѓа во таков регион и граничи со Бугарија и Србија. Наскоро се очекува да се отворат првите повици за прекугранична соработка, па фокусот се стави токму на тој дел, - Љиљана Јоновски извршен директор на Руралната коалиција.   

     Градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, задоволна е од Стратегијата и најавува  нејзина имплементација во наредниот период.

    „ Важноста на овој документ е од 2019 до 2023 година и искрено се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата и потребите за развој во Општината. Изготвен е добар и квалитетен стратешки документ, којшто во целост ќе ги исполни поставените задачи на тимот на ЛЕР, кој беше специјално составен за оваа намена. Како што стои во документот ние ќе се фокусираме на развој на руралниот туризам и прекуграничната соработка, меѓутоа истовремено ќе работиме и на подобрување на патната и комунална инфраструктура, бидејќи тоа е предуслов за севкупниот развој на секоја општина“, - изјави Јовановска.

    Во изработката на „Стратегијата за локален економски развој“ покрај локалната самоуправа учествуваа и невладини организации, младите, бизнис секторот, земјоделците и месното население.

    „ Една година работевме на креирање на оваа стратегија, меѓутоа направивме еден целосно инклузивен процес во којшто преку пристапот од долу-нагоре ги вклучивме сите локални чинители во самиот процес, за да денеска имаме готовиот производ - „Стратегија за локален економски развој“ којашто Општината ќе ја користи во наредниот 4 годишен период, - додава Јоновска.

    Соработката помеѓу Рурална коалиција и Општина Старо Нагоричане ќе продолжи и во наредниот период, а Стратегијата за локален економски развој е изработена во рамките на проектот „Локална заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“.