×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самохрана мајка со три деца заборавена од државата

    11.01.2018 10:28 | KumanovoNews

    Самохрана мајка со три мали деца ќе остане на улица ако не обезбеди пари за кирија, и не го продолжи договорот за станот во кој живеат во Куманово.

    Самохрана мајка со три деца заборавена од државата

    Благородна Димитриевска (33) и нејзините деца Лука (8), Лана (4) и Гаврил (2) немаат никаков приход, ниту примаат социјална помош, иако веќе една година чекаат поддршка од државата како жртви на семејно насилство. Живеат од она што ќе им го дадат хуманите луѓе, кои од донации им ја платиле и киријата за последните 6 месеци.

    „Договорот ми беше до вчера (10 јануари), ако не најдам пари да ја платам киријата ќе морам да го напуштам станот. Немам каде да одам. Очекував дека државата ќе ни помогне. Наместо тоа, шест месеци чекам еднократна социјална помош, а уште ја нема ни постојаната парична помош, иако уредно ги поднесов сите документи“, вели Благородна.

    Самохраната мајка ги моли институциите и хумани граѓани да и помогнат да ја плати киријата и насобраните сметки за да не остане на улица со децата, среде зима. Како и секој родител, сака децата да ги изведе на вистинскиот пат.

    „Јас не сакам милост, млада сум и сакам да работам, но нема кој да ми ги чува децата. Не бирам работа. Да ми дадат социјален стан и децата да ми ги примат во градинка, останатото ќе биде полесно. Не можам повеќе да издржам вака без пари и секој месец да стрепам дали со децата ќе останеме на улица“, апелира Благородна.

    На Благодродна помош во храна и облека и однесоа повеќе хумани граѓани и здруженија,  но најголем проблем се парите за кирија и сместувањето на децата во градинка.

    Проблемите на семејството Димитриевски започнале во 2015, кога сопругот почнал да пие и сите да ги малтретира. Да се спаси од насилството побегнала со децата и случајот го пријавила во МВР и Центарот за социјални работи во Куманово. Во тек е бракоразводна постапка. Поранешниот сопруг наместо да помогне во оваа тешка ситуација, се јавувал по телефон и се заканувал дека нема да ги остави на мира.